Италијанскиот првак Јувентус стигна до 23.победа во Серија А оваа сезона, односно 11-та последователна, откако на домашен терен во Торино го совлада Узинезе со 2-0. „Старата дама“ со овој триумф се искачи на првата позиција на табелата, со два бода предност во однос на Наполи. Пауло Дибала беше стрелец на двата гола за Јувентус на овој меч, а Гонзало Игуаин не успеа да искористи и пенал во првиот дел.
Дибала првиот погодок го постигна од слободен удар во 20.минута со прекрасна егзекуција, а вториот на стартот од вториот дел, на асистенција од Игуаин.
Лацио во последен момент извлече реми (2-2) на гостувањето кај Калјари. Паволети и Барела беа стрелци за Калјари, а Чиро Имобиле донесе бод во 95.минута.
Резултати Италија: Јувентус – Удинезе 2-0, Сасуоло – Спал 1-1, Кротоне – Сампдорија 4-1, Калјари – Лацио 2-2, Болоња – Аталанта 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА