Дибала го замени Роналдо и го реши Милан

Јувентус ја оствари десеттата победа во Серија А совладувајќи го минимално Милан на домашен терен со 1-0. „Старата дама“ по овој триумф се враќа на врвот на табелата со 32 бода, еден повеќе од Интер.

Пауло Дибала беше човекот на одлука. Маурицио Сари повлече извонреден тактички потег, го замени индиспонираниот Кристијано Роналдо во 55.минута, во игра го уфрли Дибала, а тој му возврати со победнички погодок во 77.минута. По проигрувањето од Игуаин, тој се ослободи од еден противнички фудбалер и со десната нога шутираше неодбранливо во мрежата на Донарума.

Милан по овој пораз се наоѓа на 14.позиција со само 13 освоени бода.

Се вчитува...