Дибала: Јас, Роналдо и Игуаин можеме да играме заедно

Пауло Дибала ја имаше улогата на спасител на „старата дама“ на дуелот со Локомотив Москва, откако Аргентинецот со голови во 77. и во 79. минута донесе пресврт и триумф на Јувентус.

„Навистина ми беа потребни овие голови. Ова е одличен резултат за мене и за екипата, имавме проблеми во голем дел од мечот, но благодарение на искуството што го поседуваме не паничевме, продолживме да напаѓаме и тоа на крајот вроди со плод“ – истакна Дибала.

Тој го почна мечот во нападот крај Кристијано Роналдо, но двата гола беа постигнати откако во навалната линија се приклучи и Гонзало Игуаин. Тренерот Сари најавуваше дека тројцата тешко можат да играат заедно, но Дибала смета дека на овој меч се докажало спротивното.

„Со она што го покажавме, мислам дека на сите им е јасно дека јас, Игуаин и Роналдо можеме да играме заедно. Тренерот  е тој што решава, сигурно на тренинг ќе работиме дополнително за уште повеќе да ја подобриме соработката“ – вели Пауло Дибала.

Се вчитува...