Дибала ќе и остане верен на „старата дама“

Аргентинскиот интернационалец, Пауло Дибала ќе потпише нов договор со Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

На почетокот од сезоната Дибала се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед и Тотенхем бидејќи не беше задоволен од својата улога во клубот по доаѓањето на Кристијано Роналдо. Сепак, Маурицио Сари успеа да ги исполни барањата на Роналдо и Дибала, а двајцата му возвратија со одлична игра. Очигледно односот меѓу двајцата фудбалери е одличен и во овие неколку месеци младиот Аргентинец успеа да го промени мислењето и да остане дел од италијанскиот шампион.

Дибала во Јувентус пристигна во 2015 година од редовите на Палермо. За „старата дама“ забележа 144 натпревари на кои постигна 62 гола.

Се вчитува...