Дибала: Кога станав светски првак прво му се јавив на Мурињо, потоа на мајка ми

Пауло Дибала ја минува својата втора сезона во Рома, период во кој аргентинскиот напаѓач изгради неверојатна врска со Жозе Мурињо. Екс-фудбалерот на Јувентус експресно беше промовиран во лидер на тимот од Мурињо, од кого ја добива максималната поддршка и во периодите кога е повреден.

Дибала во интервју за аргентинските медиуми обелодени дека по освоената титула на СП во Катар, првиот човек на кого му се јавил бил токму Мурињо.

„Кога заврши финалето во Катар, бев избран за допинг-тест и морав да почекам извесно време. Кога стигнав во соблекувалната, си го земав телефонот да разговарам со семејството, кога видов дека имам пет пропуштени повици од Мурињо. Прво му се јавив на него, ми честиташе од срце, а потоа разговарав со мајка ми и со останатите членови на семејството. Можам да кажам дека Жозе е извонреден тренер, уште подобар човек. Тој има многу високо мислење за Аргентинците, често ми раскажува неверојатни работи за Ди Марија и за Меси, играчи кои многу му се допаѓаат“, открива Дибала.

Се вчитува...