Дибала на лето се сели во Реал Мадрид?

Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала во летниот преоден рок ќе направи мегатрансфер во Реал Мадрид, тврди „Мундо Депортиво“. Напаѓачот на Јувентус наводно веќе му дал знак на „кралскиот клуб“ дека е согласен да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, а претседателот Флорентино Перез сака што е можно побрзо да го договори трансферот, за да јго искористи намалувањето на казната што „кралевите“ ја имаа од ФИФА поради нелегални трансфери на малолетни фудбалери,

Дибала има актуелен договор со италијанскиот шампион Јувентус до 2020 година, но Реал Мадрид е подготвен да плати 80 милиони евра за да го доведе Аргентинецот во своите редови. За него се вели дека е наследникот на Лионел Меси, а Флорентино Перез сака да го има во својот клуб.

 

Се вчитува...