Дибала остана верен на „римската волчица“

Рома официјално потврди дека Пауло Дибала потпишал нов договор и дека ќе остане во клубот до 30 јуни 2027 година.

Аргентинскиот интернационалец формално беше слободен играч во првата половина на јули, бидејќи неговиот претходен договор истече на 30 јуни, но „волчицата“ и искусниот офанзивец постигнаа договор за продолжување на соработката.

Според италијанските медиуми, 32-годишниот Дибала се согласил на значително намалување на примањата за да остане на „Олимпико“.

Експертот за трансфери Џанлука ди Марцио наведува дека е потпишан едногодишен договор, без опција за продолжување, според кој Аргентинецот ќе заработува нешто помалку од три милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси.

Се вчитува...