Дибала сака да го надмине рекордот на Дел Пјеро

Пауло Дибала постигна хет – трик за Јувентус во триумфот против аутсајдерот Беневенто и стигна до 25 погодоци оваа сезона. Но, неговата мисија е да го достигне рекордот на Алесандро Дел Пјеро, кој во сезоната 1997/98 постигна 32 гола во дресот на „старата дама“. За тоа ќе има уште седум натпревари од Серија А, како и финалето на Купот на Италија против Милан на 9.мај.

Можеби тоа е и преоптимистичка желба за младиот Аргентинец, кој речиси сигурно ќе го достигне ефектот на Роберто Баџо, кој во една сезона има постигнато 27 гола во дресот на Јувентус. Дибала сепак имаше и повреди во текот на сезоната и беше спречен да игра максимален број на натпревари.

Се вчитува...