Јувентус продолжува да му дише во врат на Наполи во трката за скудетото откако „старата дама“ вечерва триумфираше на гостувањето против Верона со 1-3, задржувајќи ја негативата од само еден бод во однос на лидерот на табелата.
Во главна улога беше Пауло Дибала, кој го прослави камбекот во стартниот тим на Јувентус со два погодоци, и тоа оние клучните во второто полувреме со кои беше осигурана победата. „Старата дама“ експресно поведе преку Матуиди, но во перидот кога се чинеше дека избраниците на Алегри го контролираат мечот домаќините израмнија, и тоа со голот на поранешниот играч на Јувентус, Мартин Касерес.
Потоа работите во свои раце ги презеде Дибала, кој постигна два гола во последните дваесет минути од мечот и му ги донесе трите бода на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА