Дибала се збогува, Рома подготвува негова замена за 55 милиони евра

Рома бара засилувања во офанзивната линија бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клубот, а веќе пристигнаа неколку предлози.

Кристијан Пулишиќ, еден од подобрите фудбалери на Милан, беше понуден на тимот од главниот град, но „волчицата“ посакува фудбалер на Олимпик Марсеј. Станува збор за Мејсон Гринвуд, веќе пишувавме за интересот на клубот за него, а Рома одлучи да го забрза процесот и да го доведе овој играч до крајот на јуни.

Следната недела се очекува официјална понуда од 40 милиони евра, плус бонуси и проценти од последователните продажби. Прво, клубот од Рим сакаше позајмица по цена од 5 милиони евра, со обврска да го откупи играчот по цена од 25 милиони, плус бонус од 10 милиони евра.

Но, Марсеј ги сака сите 55 милиони и би можел да добие толку пари, особено затоа што фудбалерот е отворен за преселба во нов клуб.

Се вчитува...