Дибала: Сонувам да бидам светски шампион и да ја освојам Лигата на шампиони

Напаѓачот на Јувентус и Аргентина, Пауло Дибала зборуваше за своите цели во кариерата, па потенцираше дека неговиот сон е освојување на Лигата на шампиони со Јуве, а со Аргентина посакува да дојде до светска титула.

27-годишниот напаѓач игра за Јувентус од 2015 година. Сезонава учествуваше на девет натпревари за тимот од Торино во италијанскиот шампионат, на кои постигна три гола и три асистенции.

„Секогаш живеам гледајќи во иднината и размислувам за целите што сакам да ги постигнам. Да бидам важен играч во Јувентус и да растеш како личност, како човек. Имам уште многу цели кои треба да ги постигнам и со мојот тим и со репрезентацијата. Сакам да играм за мојата земја. Тоа ме прави да се чувствувам поблиску до мојата татковина, до моите корени. Секако, сонувам да го освојам Светското првенство, исто како што би сакал да ја освојам Лигата на шампионите. Работам секој ден за да ги постигнам овие резултати“ изјави Дибала во интервју за ‘Фудбал Италија’.

Се вчитува...