Дибала: Убав е интересот од Премиерлига и Ла Лига, но Италија си е Италија

Паоло Дибала по седум години поминати во Јувентус ќе ги промени клупските бои, но останува непознато кој ќе биде неговиот нов клуб. За услугите на Аргентинецот се заинтересирани поголем број европски гиганти, но на крајот се поверојатно е дека ќе остане во Италија.

Имено, токму на оваа тема говореше и самиот напаѓач кој изјави дека интересот од клубовите од Англија и Шпанија му се допаѓа, но во Италија се чувствува како дома.

„Не се грижам воопшто. Луѓето кои работат на тоа знаат што прават. Убав е интересот од Премиерлигата и Ла Лига, и би ги сакал да пробам како е да се натпреваруваш таму, но во Итaлија се чувствувам многу комoтно. Среќен сум во Италија. Таму сум веќе десет години и се чувствувам како Италијанец“, изјави Дибала.

Оваа изјава на Аргентинецот само ги потврдува гласините дека тој начелно има постигнато договор со Интер, што би требало да биде официјализиран во наредниот период.

Се вчитува...