Дибала: Важен гол и за мене и за Јувентус

Пауло Дибала повторно блесна во вистински час за Јувентус, постигнувајќи го голот за победа над Лацио и тоа во последните моменти од средбата на „Олимпико“. Аргентинецот не го криеше задоволството од големите три бода за „старата дама“ со кој „црно-белите“ го задржаа чекорот во трката за скудетото.

„Ова е многу важен гол за мене и за мојата самодоверба, воедно и за Јувентус во нашиот обид да се искачиме на врвот на табелата. Ова е голема победа над тимот на Лацио кој игра одличен фудбал. Можеби мечот не беше премногу убав за гледање на технички план, и да завршеше 0-0 никој немаше да се пожали, но ние успеавме да стигнеме до цел плен. Сега пред нас е реваншот со Тотенхем, на кој мораме да одиграме уште подобро ако сакаме да стигнеме до четвртфиналето“ – изјави Дибала.

Се вчитува...