Дибала „вљубен“ во Симеоне – Аргентинецот го засилува Атлетико Мадрид?

Пауло Дибала (28) за три месеци дефинитивно ќе го напушти Јувентус како слободен играч. Гигантот од Торино официјално потврди дека еден од најдобрите играчи го напушта клубот во кој дојде летото 2015 година од Палермо со отштета од 41 милион евра.

Аргентинецот за Јувентус одигра 283 натпревари, постигна 113 гола и забележа 48 асистенции. По ваквиот изненадувачки расплет, откако пропаднаа преговорите за продолжување на соработката на Дибала со Јувентус, се очекуваше тој да премине во најголемиот ривал Интер.

Сепак, од Шпанија доаѓа ново изненадување. „Мундо Депортиво“ пишува дека Дибала е голем фан на Диего Симеоне, па поради тоа го избрал Атлетико Мадрид.

„Дибала навистина сака да работи под водство на неговиот сонародник Диего Симеоне. Иако тренерот на Атлетико бара ‘деветка’, а на Дибала многу повеќе му лежи улогата на втор напаѓач, Симеоне не сака да ја пропушти можноста да донесе таков врвен фудбалер без отштета“, пишува ‘Мундо Депортиво’.

Се вчитува...