Дибала во небрано: Мајката на девојка му сака да го убие

Мајката на девојката на „ѕвездата“ на Јувентус, Пауло Дибала во интервју за аргентинските медиуми вели дека го мрази фудбалерот. Kетрин Фулоп му е лута на Дибала, бидејќи Ориана Сабатини ја однел во Европа со него.

„Сакам да го убијам Пауло. Тој ја одведе мојата ќерка далеку од мене и иако вели дека се грижи за неа, јас не му верувам. Тие веќе една година се заедно во Италија, а имаше период кога Ориана ја немав видено цели четири месеци“, изјави Фулоп. 

Дибала и Ориана се запознаа преку социјалните мрежи во 2017 година, а шпекулациите околу тоа дека парот е заедно беа потврдени една година подоцна.

Се вчитува...