Дибиров: Ако сега не го спасат Вардар, да си ги закачиме патиките…

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Тимур Дибиров беше дел и од првиот фајналфор турнир во Келн пред десет години, но рускиот ас најблескавите моменти во кариерата ги мина во дресот на Вардар, освојувајќи две титули европски првак.

„Работевме напорно цела година, имавме многу натпревари, верувајте дека ова чувство е неповторливо. Ако морам да споредувам, би рекол дека оваа титула ми е дури и подрага од онаа од пред две години. Со години слушаме како Кил бил институција, како Барселона е ракометна институција. Сега и Вардар е дел од тоа друштво, кое може да се пофали со две титули во ЛШ во рок од три години. Ако сега не се најде некој да го спаси Вардар, најдобро ќе биде сите да ги закачиме патиките“ – истакна Дибиров веднаш по големата победа.

Русинот е еден од неколкумината ракометари кои се уште немаат договор со друг клуб, чекајќи ја разврската во Вардар пред да ја донесе конечната одлука за иднината.

Се вчитува...