Дибиров: Ако Столе е ’играч со број 5’, јас сум играч со број 31! Ние сите сме денеска Македонци!

Тимур Дибиров е блескав на левата крилна позиција, а блескаше и на бината пред илјадниците фанови на плоштадот во Скопје. И ја покажа хемијата на Вардар, велејќи:

„Столе, ти си наша икона. Ако овој е ’играч со број 5’, тогаш јас сум играч со број 31! И верувајте, денеска ние овде сите сме Македонци. Ви благодариме на сите за огромната поддршка, сакаме најмногу од се вас да ве израдуваме. Еден живот, една љубов, Вардар!“, рече Тимур Дибиров и предизвика овации кај присутните.

Се вчитува...