Дибиров: Чест е да се игра со Барса, но во Скопје ќе се вратиме со последниот авион

Вардар го очекува пресметка со шпанскиот гигант Барселона во полуфиналето на Ф4 од Лигата на шампионите во Келн,

Еден од најдобрите вардарови ракометари Тимур Дибиров вели дека Барса е гигант против кого е чест да се игра, но Вардар планира да се врати во Скопје со пехарот….

„Дуелот Вардар – Барселона е голем натпревар, за нас е огромна чест што ќе излеземе на мегдан со гигант како Барселона како достоен ривал. Ние нема да одиме таму за да го гледаме европскиот крем, сакаме да се вратиме во Скопје со последниот авион и со пехарот кај нас. Честитки до сите, да уживаат во ракометот и да биде навистина прекрасно спортско шоу“ – Тимур Дибиров.

Се вчитува...