Дибиров: Едвај чекам да излеземе на терен – пред полна сала како европски шампиони

Тимур Дибиров е максимално мотивиран во пресрет на неделниот дуел со Порто, прв во СЦ „Јане Сандански“ за Вардар откако беше освоена европската титула во Келн.

„Секогаш сме возбудени кога почнува ЛШ, но сега едвај чекам да излеземе на терен, пред полна сала како европски шампиони. Очекувам салата да биде полна и да ја добиеме поддршката од трибините како и секогаш“ – истакна Дибиров.

Јасно е дека македонскиот клуб е голем фаворит, но рускиот интернационалец предупредува дека Порто е ривал што не смее да се потцени.

„Секој натпревар е тежок, ова е ЛШ, без разлика дали играте со Порто, Кил или Кјелце, дома или на гостински терен. Знаеме дека се очекува од нас лесно да стигнеме до бодовите, но воопшто нема да е лесно, Порто е тим што одлично игра „седум на шест“, нешто за што ќе мораме добро да се подготвиме“ – реален е Тимур Дибиров.

Се вчитува...