Дибиров: Фала му на Кил што ни покажа до каде сме

Кил жестото го удри Вардар во Скопје, му дозволи само четири гола во едно поувреме, а славеше со 11 гола предност во мечот од 4.коло во групата Б. За европскиот првак ова е прв пораз сезонава во Лигата на шампионите.

„Ниту тие не очекуваа ваков резулат, но мора да се соочиме машки, натперварот беше коректен и мора да им признаеме. Им благодарам што ни покажаа каде сме. Сега мора да работиме, да се оддолжиме на сите што навиваа за нас. Видовте што се случи, пробавме во второто полувреме да се вратиме, но беше доцна, не сме подготвени за такво нешто. Ќе анализираме, ќе видиме што се случи и да не дозволиме да се повтори“ – искрено признава Тимур Дибиров по натпреварот.

Вардар во следното коло ќе оди на поправен во Унгарија кај Веспрем.

Се вчитува...