По синоќешните свои шест гола во победата на Вардар над Алборг, Тимур Дибиров изби на третото место на вечната листа на најдобри стрелци во ракометната Лига на шампиони.
Руското крило со вчерашните шест погодоци дојде до 971 гол во најелитното натпреварување, надминувајќи го Момир Илиќ со 969 гола во друштвото на најдобрите стрелци.
Сега, пред Дибиров се уште Никола Карабатиќ со 1091 гол, како и најдобриот македонски ракометар во историјата и селектор Кире Лазаров, кој е неприкосновен со недостижни 1462 голови во Лигата на шампионите.
Дибиров има, пак, вкупно 992 постигнати голови во сите европски купови па без сомнение наскоро ќе биде дел од „Клубот 1000“, каде се само Лазаров, Карабатиќ и Илиќ.
9⃣7⃣1⃣
Timur Dibirov of @HCVardar scored 6 goals today to surpass Momir Ilić on the all-time scoring list in @ehfcl!🥇 Kiril Lazarov (1462)
🥈 Nikola Karabatic (1091)
🥉 Timur Dibirov (971)
4⃣. Momir Ilić (969)
5⃣. Mikkel Hansen (934)#handball #ehf #vardar— Fabian Koch (@Fabian_Handball) September 29, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА