Дибиров ќе биде дел од ракометниот спектакл

Тимур Дибиров веднаш по завршувањето на обврските кон Вардар ќе замине за Русија, каде крилниот ракометар ќе биде дел од спектаклот што ќе го организира неговиот поранешен клуб Чеховски медведи.

Дибиров ги бранеше боите на Чеховски медведи од 2004 до 2013 година, па не е изненадување што легендарниот руски ракометар ја прифати поканата да биде дел од „мечот на ѕвездите“ на повеќекратниот руски првак што е закажан за 25 декември.

Клубот денеска и официјално потврди дека Дибиров ја прифатил поканата и ќе настапи за „тимот на ѕвездите“.

Вардар утре го игра дербито на мак-ракометот против Еурофарм Пелистер, потоа ќе следи уште едно коло од Супер-лигата, по што „црвено-црните“ ќе заминат на одмор. Се очекува до крајот на годинава или на самиот почеток од јануари управата на „вардарци“ да го именува и новиот тренер на екипата по заминувањето на Веселин Вујовиќ.

Се вчитува...