Дибиров: Мечевите Вардар – Киелце се ракометна европска класика

Вардар утре на домашен терен го пречекува Киелце во меч од Лигата на шампионите. Крилото на „црвено-црните“ Тимур Дибиров вели дека овие натпревари прераснуваат во ракометна класика и секогаш е тешко кога се игра против полскиот тим.

„Натпреваритуе меѓу Вардар и Киелце се ракометна класика бидејќи секогаш се полни со тензија и секогаш натпреварите се неизвесни. Очекувам така да биде и сега. Ние сме во незавидна положба бидејќи долго време немавме натпревар, но натпреварот со Фленсбург покажа дека не мора тоа многу да значи, бидејќи бевме во слична позиција, а стигнавме до победа. Киелце е тим за кој е тешко да се подготвиш. Многу креативни ракометари, Карачиќ, Дујшебаев, одлични пикери како Каралек и имаат одличен тренер. Знам дека ќе биде тешко, но наша шанса е што играме дома и ќе дадеме се што можеме за да стигнеме до победа. Силината на нашата екипа е што добивале или губеле секогаш влагаме со самодоверба и знам дека и сега ќе биде така“, изјави Дибиров. 

Мечот меѓу Вардар и Киелце ќе се одигра утре во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 18:45 часот.

Се вчитува...