Дибиров: Не знам што се случи… Се сеќавам дека губевме 7, а потоа ми доаѓа сликата како славиме!

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Тимур Дибиров во еуфорично издание не е свесен како Вардар успеа да слави против Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите по негатива од дури седум гола. Дибиров вели дека воопшто не се сеќава на минутите како се анулираше таа негатива, но е воодушевен што Вардар на ваков начин успеа да дојде до ново финале на Ф4.

„Ако ме прашувате како победивме, искрено не знам… Не знам што се случи. Знам дека губевме седум разлика, потоа имам некаква блокада и на крај ми доаѓа само сликата како славиме на терен. Ова е навистина нешто неверојатно. Вакво нешто е историја за сите нас. Ова ни дава огромен мотив за да дојдеме до победа и во финалето и до нов трофеј“ – ни изјави Дибиров по големата победа.

Се вчитува...