Дибиров: Очекувам со секој нов натпревар ние да бидеме се подобри

Вардар утре му гостува на Порто во натпревар од Лигата на шампионите. Крилото на „црвено-црните“, Тимур Дибиров вели дека Порто е целата репрезентација на Португалија и очекува тежок натпревар.

„Порто е цела репрезентација на Португалија. Одиграа одличен шампионот во Египет, а на истиот начин игра и Порто. Многу се опасни на сите позиции, особено играат одлично на домашен терен. Очекувам тежок натпревар и доколку ние сакаме да напредуваме мораме да почнеме од Порто. По два месеци без натпревар, полека влегуваме во ритам и очекувам на секој натпревар екипата да биде се подобра“, изјави Дибиров. 

Натпреварот меѓу Порто и Вардар ќе се игра во четврток со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...