Дибиров: Очекував поголема поддршка, победивме и пред половина сала

Тимур Дибиров на прес-конференцијата пред мечот со Порто истакна дека едвај чека да истрча на терен пред преполни трибини во Скопје како актуелен европски првак. Желбата не му се исполни, СЦ „Јане Сандански“ беше на половина од капацитетот, но „вардарци“ ги почестија со победа оние кои дојдоа да им дадат поддршка.

„Веќе реков дека е секогаш убаво чувството да се игра пред наша публика. Очекував поголема поддршка, но атмосферата беше одлична, победивме и пред половина сала. Среќни сме бидејќи секоја победа е многу важна. Порто одигра одлично прво полувреме и покажа дека е квалитетен тим, убеден сум дека ќе оствари победи во текот на групната фаза“ – истакна крилниот ракометар на Вардар.

Се вчитува...