Дибиров сам против Алборг, Вардар со минус три на полувреме

Вардар има негатива од три гола на полувреме на гостувањето кај Алборг (16-13), во натпревар од второто коло во Лигата на шампионите.

Тимур Дибиров проба се што е во негова моќ со неверојатна игра да го држи Вардар во егал во првите триесет минути во кои немаше голема помош од соиграчите.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и брзо стигнаа до предност од три гола разлика (6-3). „Црвено-црните“ заиграа подобро и во еден момент успеаја да стигнат до целосен пресврт и водство од 7-8. Сепак, следеше голем пад во кој седум минути беа без гол, а Данците го искористија тоа и повторно дојдоа до водство од 10-8. Сушата од седум минути без гол ја прекина Тимур Дибиров со маестрална завршница намалувајќи на 10-9.

До крајот на првите триесет минути Данците успеаја повторно да стигнат до највисоките плус три и на пауза да заминат со предност од 16-13.

Тимур Дибиров со девет гола буквално сам играше против расположените Данци, додека во таборот на Алборг по три гола дадоа Арон Палмарсон и Феликс Клар.

Се вчитува...