Дибиров: Сигурен сум дека со победа над Елверум влегуваме во победничка низа

Ракометарите на Вардар утре ќе го пречекаат норвешки Елверум во натпревар од лигата на шампионите. Крилото на „црвено-црните“ Тимур Дибиров вели дека формата на тимот е во нагорна линија и покрај трите порази во низа и дека е време да почне победничката серија на неговиот тим.

„Без оглед на поразите и негативната серија, три натпревари без бодови. Од друга страна се гледа дека напредуваме во играта. Многу напредувавме од претходната година. Нашите амбиции растат. Имаме притисок дека мора да победиме и доаѓаат натпревари во кои планираме да победиме. Сите екипи со кои игравме имаат различен стил од Елверум. Тие негуваат физички силен ракомет и многу интензивен. Ќе видиме на кој начин сме подготвени за овој меч, но сигурен сум дека конечно ќе влеземе во добра серија и ќе ја поправиме ситуацијата“, вели Дибиров. 

Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Елверум е закажан за во недела во 16 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...