Дибиров со порака: Вардар бил и ќе биде, треба сите да се обединиме…

Вардар е во огромна криза, се зголемува бројот на играчи што си ги пакуваат куферите, и тоа непосредно пред дуелот со Мотор на кој на „црвено-црните“ им е неопходна победа за да го осигураат пласманот во осминафиналето од ЛШ.

Тимур Дибиров преку порака на својот инстаграм-профил побара поддршка од навивачите токму во овие тешки моменти.

„Драги фанови, знам дека сега ние сме во тешка ситуација и сите вие сте многу разочарани, но сега е момент за обедување, да се докаже дека Вардар бил и ќе биде“, напиша Дибиров, повикувајќи ги фановите во сала за саботниот дуел со Мотор.

Се вчитува...