Дибиров: Тимот секогаш ги победува индивидуалците

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Го немаше речиси никаде во полуфиналето. Но, тој е ракометар за најголемите мечеви. Тимур Диборов блесна во финалето и го „растури“ ПСЖ. Леташе во одбраната и во нападот, трчаше контри, стрелаше покрај Омејер. Беше најефикасен во финалето, но тој вели дека тимот успеал да ги победи индивидуалците.

„Ова е денот што чекавме. Ова е за цела Македонија. Го дадовме максимумот, за фановите на Вардар, за цела Македонија. И многу сум среќен, што успеавме да ги израдуваме. Што се однесува до мечот, тоа беше еден неверојатно тежок дуел, како и секое финале. И се покажа дека тимот секогаш ги победува индивидуалците. Знаеме какви ракометари играат во ПСЖ, но ние бевме максимално мотивирани, знаевме што сакаме и на крајот успеавме да ја оствариме целта. Сакам да им честитам на момците, на стручниот штаб, на раководството, на навивачите, на сите на кои Вардар им е при срце. Сега може да уживаат во радоста и во еуфоријата“, изјави „летечкиот“ Тимур Дибиров, по освојувањето на Лигата на шампионите.

Се вчитува...