Дибиров: Вардар е на добар пат, но во ЛШ нема лесни противници

Тимур Дибиров беше меѓу најдобрите поединци во таборот на Вардар при триумфот над Фленсбург, а рускиот интернационалец се надева дека „црвено-црните“ ќе одиграат на уште повисоко ниво на утрешната пресметка со Порто.

„Завршивме голема работа со триумф над силен противник каков е Фленсбург, но сега сакаме да играме уште подобро, да напредуваме од натпревар во натпревар. На сите ни е јасно дека во ЛШ нема лесни противници, тоа се однесува и на тимот на Порто, незгоден состав чија најсилна страна се нападите „седум на шест“. Вардар е на добар пат, авантурата во ЛШ ни почна со триумфот над Фленсбург, но очекувам уште подобри изданија од наша страна во наредниот период“, изјави Дибиров.

Вардар и Порто и ланската сезона одиграа две средби во групната фаза од Лигата на Шампионите, при што „црвено-црните“ славеа на домашен терен со 32-27, а потоа загубија на гостувањето во Португалија со 30-22.

Се вчитува...