Дибиров: Вардар и натаму има шампионски карактер

Вардар уште еднаш покажа дека е повеќе од тим и во луд финиш враќајќи се од минус шест успеа по изведување на пенали да го совлада ППД Загреб во полуфиналето на Ф4 турнирот во СЕХА лигата. Крилото на „црвено-црните“ Тимур Дибиров вели дека колку и да има промени овие момци се уште имаат шампионски карактер.

„Веќе 100 пати кажувам дека имаме карактер. Не знам од каде, но добивме некоја сила во последните десет минути. Секогаш правиме вакви пресврти и со такви мисли влеговме и во завршницата на овој меч. Најважно е дека сме во финале и ќе го браниме трофејот во СЕХА“, изјави Дибиров. 

Во финалето Вардарци ќе се сретнат со Веспрем, а натпреварот на програмата е во недела.

Се вчитува...