Дибирова: На Ф4 нема слаби екипи, се ќе зависи од нас

Лани во таборот на ЖРК Вардар се славеше во моментите кога ЧСМ Букурешт беше извлечен како противник во полуфиналето. Овојпат атмосферата во прес-центарот во СЦ „Јане Сандански“ беше многу помирна, откако на „црвено-црните“ по ланското фијаско им стана јасно дека мора максимално сконцентрирано и фокусирано да се влезе во мечот, без оглед дали се има улогата на фаворит или аутсајдер. Такво беше и расположението на Ирина Дибирова.

На фајналфор турнирот во Будимпешта нема слаби екипи, така што не се радуваме, ниту пак тагуваме што го добивме ЧСМ Букурешт. Се ќе зависи од нас, мораме да се фокусираме да ги исправиме грешките во нашата игра до Ф4 турнирот“ – изјави Русинката на чело на Вардар.

Голманката Амандин Лејно имаше сличен став како и Дибирова по добиениот противник.

Сите четири екипи се исклучително квалитетни, а секој фајналфор турнир е приказна сама за себе. Напорно работевме цела сезона, сега треба да го покажеме својот карактер и со малку среќа да влеземе во финалето и да се бориме за големиот трофеј“ – истакна Лејно на прес-конференцијата по ждребот.

Се вчитува...