Дибирова: Немавме среќа во финалето, на девојките им посакувам среќа во иднина

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски

И покрај силната желба, Вардар ни во последниот петти настап на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта не успеа да го оствари сонот и да стигне до европската титула. Ѓер исто како лани, го победи Вардар во продолженија (27-26) и  успеа да го одбрани тронот.

Колку што беше голема желбата на ракометарките да ја завршат приказната во „црвено-црниот“ дрес со шампионска титула, толку беше големо и разочарувањето од поразот во финалето. По второто загубено финале по ред, тешко наоѓаше зборови и Ирина Дибирова.

„Се подготвувавме за овој натпревар цела сезона, но на крај не успеавме. Горда сум на ракометарките, се бореа и реализира се што беше договорено, но на крај не успеавме. Вечерва немавме среќа,  на девојките им поскаувам среќа во иднина. Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим“– изјави Ирина Дибирова.

Се вчитува...