Дибирова: Од утре почнувам со работа за следната сезона

Тренерот на Вардар, Ирина Дибирова, не го криеше задоволството по освоената двојна круна на македонската ракометна сцена. Убедливата победа над Вардар СЦЈС беше само уште една потврда за доминацијата на „црвено-црните“ во домашното првенство, а Дибирова воедно и порача дека нема многу време за славје бидејќи експресно ќе почне со подготовките за следната сезона.

Многу сум задоволна по оваа двојна круна. По фајналфор турнирот во Будимпешта имаше мало разочарување, но овие трофеи не беа доведени во прашање. Сигурно дека сум радосна и поради Купот на Македонија и поради оваа титула, мечеви на кои одлично си ја одработевме задачата, воедно и си ја исполнивме целта да забележиме победа без да ризикуваме некоја повреда. Оваа сезона завршува, а од утре почнувам да работам за следната сезона. Не можам да кажам ништо поконкретно околу планирањето за евентуални нови засилувања, нема премногу време, но верувам дека Вардар и догодина ќе биде на ова ниво“ – истакна Ирина Дибирова.

Се вчитува...