Диего Годин ќе го засили Јувентус?

Уругвајскиот интернационалец Диего Годин би можел да го напушти Атлетико Мадрид и да се пресели во италијанскиот првак Јувентус, открива „Тутоспорт“. Преговорите се во завршна фаза, а искусниот дефанзивец треба да пристигне на местото на Мехди Бенатија, за кого има силен интерес од Олимпик Марсеј.

Годин од 2010 година го носи дресот на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид, има одиграно 247 натпревари и постигнато 14 погодоци. Тој е еден од најдобрите централни дефанзивци во светот и со својот тим го освои трофејот во Лигата на Европа.

Се вчитува...