Диего Годин сака да си замине од Интер

Италијанскиот калчолигаш Интер оствари блескава победа над Наполи (1-3) во Неапол, но сите немаа насмевки на лицата по завршувањето на мечот. Уругвајскиот интернационалец Диего Годин изразил незадоволство кај Антонио Конте затоа што трет натпревар по ред останува на клупата за резервни фудбалери. Тој не беше стартер ниту против Фиорентина, ниту против Џенова.

Искусниот дефанзивец дојде на „Џузепе Меаца“ како слободен агент од Атлетико Мадрид и беше претставен како големо засилување, но најавил дека сака да си замине доколку и понатаму седи на клупата за резерви. За него постои интерес од ПСЖ, Фиорентина, Вилјареал…

„Јас имам голем број играчи на располагање и ги избирам оние за кои сметам дека се најдобри за тимот. Бастони добива предност бидејќи тој не е само иднина на клубот, тој е нашата сегашност“ – изјави тренерот Конте, дополнително разбеснувајќи го Годин.

Се вчитува...