Диего Коста ја покажа величината: Потег со кој ги трогна сите на мечот во Билбао (ВИДЕО)

Диего Коста го постигна израмнувачкиот погодок за Атлетико Мадрид на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао, на мечот кој се игра во моментов во Ла Лига.

Само две минути откако домашните поведоа преку Икер Мунаин во 37. минута, Диего Коста стрелаше за 1-1.

Но, внимание привлече со начинот на кој го прослави голот. Истрча до клупата и подигна дрес со број 14, кој го носи фудбалерката од женскиот тим на Атлетико Мадрид, Вирџинија Торечили. Таа во мај беше подложена на операција на тумор на мозокот, па на овој начин Коста сакаше да и искаже поддршка во битката која ја води…

 

Се вчитува...