Бразилецот со шпански пасош Диего Коста нема намера да се врати на „Стемфорд бриџ“ и да продолжи со тренинзи под раководство на Антонио Конте. Тој испрати порака до Челси дека не сака веќе да тренира со лондонските „сини“ и неговата иднина е веќе одредена.
„Мојата следна дестинација е веќе одредена. Јас се враќам во Атлетико Мадрид. Имав разговори со директорката Марина Грановскаја и и соопштив дека нема да се вратам во клубот, со оглед дека тренерот не сака да бидам во тимот“, соопшти Диего Коста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА