Диего Коста ќе продолжи да „штрајкува“ во Челси?

Бразилецот со шпански пасош Диего Коста остана во редовите на Челси по летниот преоден рок, а Антонио Конте го уфрли на списокот на фудбалери на кои ќе смета за продолжението од Премиер – лигата. Сите мислеа дека „секирите се закопани“, но реалноста е сосема поинаква. Според информациите од Островот, Диего Коста нема намера така лесно да му го заборави на Конте начинот на кој му соопшти дека нема да смета на него во новата сезона.

Италијанскиот стратег му испрати СМС – порака на Диего Коста, во која му порача дека може да си побара мова фудбалска средина. Но, со оглед дека Атлетико Мадрид не смееше да купува нови фудбалери ова лето, Диего Коста сепак остана на „Стемфорд бриџ“. Прашање е дали ќе ги услиша барањата на клубот да се појави на тренинг и да продолжи со професионалните активности.

Засега тој се уште е во родниот Бразил, каде замина веднаш откако доби СМС – порака од Антонио Конте, уште на стартот од летните подготовки. Можеби ќе ’одмора’ до јануари, а потоа ќе чека трансфер во Атлетико Мадрид, без разлика на последиците.

Се вчитува...