Диего Коста мора на операција на стапалото

Диего Коста ќе мора да биде подложен на хируршка интервенција. Атлетико Мадрид ќе биде ослабен вечерва против Монако во Лигата на шампионите без Диего Коста, Диего Годин и Хуанфран.

Коста има сериозни проблеми со стопалото откако соиграч случајно го згази за време на еден од последните тренинзи. Поради тоа Бразилецот го пропушти дуелот со Леганес, додека против Атлетик Билбао издржа само едно полувреме.

Сега следат најавите дека Диего Коста ќе мора на операција, иако конечната одлука околу тоа се уште не е донесена.

Се вчитува...