Диего Симеоне го „мерка“ Кавани

Единсон Кавани е голема желба на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, а управата на „јорганџиите“ веќе најавила дека ќе стори се што може за Уругваецот по завршувањето на сезонава да му ссе приклучи на овој клуб. Одличниот голгетер и сезонава нема речиси никаква соработка со Нејмар, па иако ПСЖ реди победи самиот Кавани не е премногу среќен од статусот што го има во клубот.

Во ситуација кога договорот му истекува во 2020 година, тој е подготвен да побара трансфер 12 месеци порано, за и ПСЖ да заработи нешто на негова продажба. Уругвајскиот ас веќе ставил до знаење дека нема намера да потпише нов договор, а Атлетико будно ја следи целата ситуација и подготвува понуда.

Кавани веќе има 31 година, ќе се наоѓа пред истек на договорот, така што неговиот трансфер не би требало да ја надмине границата од 40 милиони евра, сума што мадридскиот клуб без размислување би ја платил за да доведе голгетер од највисока класа. Со Кавани во тимот, заедно со Гризман и Коста, тренерот Симеоне би имал извонреден асортиман на напаѓачи за да ја нападне не само титулата во Шпанија, туку и во ЛШ што му „бегаше“ два пати со поразите во финалните средби од градскиот ривал Реал.

Се вчитува...