Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид нуди 40 милиони евра за ангажман на Џовани Симеоне од Фиорентина. Ова не би била некоја посебна вест ако тренер на „јорганџиите“ не е Диего Симеоне, а понудата не е испратена за неговиот син.
Сепак, нема сентименталност во европскиот фудбал, го знаат тоа и двајцата, а Џовани Симеоне е еден од најталентираните млади напаѓачи во Серија А. Тој во 2016 година за сума од само 3 милиони евра, од Бока јуниорс се пресели во Џенова, таму го покажа целиот свој раскошен талент, а потоа замина во Фиорентина. Минатата сезона тој одигра 38 натпревари за „виолетовите“ и импресионираше со игрите, а сега е пред трансфер во Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА