Диерон Фокс е нова НБА ѕвезда, со 20 години руши рекорди и на Леброн Џејмс (ВИДЕО)

Сакраменто запиша петта победа по ред славејќи против Атланта во еден од синиќешните дуели од НБА лигата со 146-155.

Ѕвезда на вечерта беше младиот Деирон Фокс кој стигна до „трипл-дабл“. Фокс, кој има 20 години, за 33 минути игра запиша 31 поен, 10 скока и дури 15 асистенции. На тој начин стана најмладиот играч во историјата на НБА со ефект од 30/10/15. Единствено уште само Леброн Џејмс со 20 години успеа да има 30/10/10.

Фантастичен кај Сакраменто беше и Бади Хилд со 27 поени, пет скока и шест асистенции, додека рукито Марвин Бегли постигна 18 поени со пет скока за 24 минути игра.

Портланд славеше против Њу Орлеанс со 132-119, главно благодарение на одлично одиграната последна четвртина.

Демијан Лилард го предводеше Портланд до триумфот со 29 поени, а одличене беше и босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ со 20 поени, 10 скока и две асистенции. Кај Пеликанс се издвои Џулиус Рендл со 29 постигнати поени.

Вреди да се издвои дека прв пораз сезонава доживеа Милвоки на гостувањето од Бостон со 117-113.

Се вчитува...