„Дијамантот“ блесна кога е најпотребно: Гол на Елмас во дербито против Галатасарај (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна својот втор гол сезонава во дресот на Фенербахче и тоа тогаш кога е најважно за фановите на турскиот гигант во дерби пресметката против Галатасарај.

Елмас во 28. коло од шампионатот во големата дерби пресметка погоди во 71. минута за израмнување на 1-1.

 

Претходно Галатасарај поведе со голот на Онјекуру во 66. минута, а Фенербахче игра со фудбалер помалку по исклучувањето на Калдирим уште од 45. минута.

Се вчитува...