Диктаторот Мајкл Џордан – Нема јадење по лош натпревар

Не стивнуваат воодушевувањата од документарниот филм на ЕСПН за генерацијата на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан „Последниот танц“. Многу работи кои што не беа познати јавноста се обелоденети, а и самиот Џордан изјави дека по гледањето на документарецот, многу луѓе ќе го сметаат за лош човек. Најновата анегдота ја раскажа колумнистот на „Њујорктајмс“, Сем Смит, а е поврзана со Хорас Грант, на кого по лош натпревар, Џордан не му дозволувал да јаде.

„Години наназад кошаркарите доаѓаат и со мене споделуваат многу анегдоти. Еднаш ми раскажаа дека во авионот на Булс, Џордан му ја земал храната на Грант само затоа што таа вечер одиграл лош натпревар. Тој дури на стјуардесите им забранил да му донесат било што велејќи им како Хорас не заслужил оброк“, изјави Сем Смит. 

Хорас Грант од 1987 до 1994 години беше дел од Чикаго Булс со кој освои три шампионски титули.

Се вчитува...