Дилгеров пред заминување од Работнички?

Бугарскиот интернационалец Николај Дилгеров најверојатно ќе го напушти Работнички по само четири кола во пролетниот дел од првенството. Играчот за врска не ги прикажа очекуваните игри, направи неколку грешки, заработи и црвен картон, по што многу веројатно е дека ќе го раскине договорот со клубот и ќе си замине во Бугарија.

Работнички оствари еден триумф на стартот на пролетта, на гости против Победа, но не успеа на слави на ниту еден од трите мечеви на домашен терен. „Романтичарите“ ремизираа со Ренова и со Силекс, а загубија од Академија Пандев на арената „Филип Втори“. Во претстојното коло, Работнички ќе и гостува на Шкендија во Тетово.

Се вчитува...