Диме Тасовски прави кам-бек во мак кошарката

Легендарниот македонски кошаркар Диме Тасовски по повеќе од една година по заминувањето во пензија прави кам-бек во домашната сцена.

Тој сезонава ќе биде дел од стручниот штаб на третолигашот КК Маџари ГБ, а ако има потреба во текот на сезоната ќе заигра и за овој клуб.

„Добро ја знам историјата на Маџари и фактот што низ овој клуб минале имиња на многу познати кошаркари и тренери, како Емил Рајковиќ, Марјан Илиевски, Александар Тодоров. Веднаш ме заинтригира понудата од Илиевски, кој стои зад обновата на овој проект и со кого нѐ врзува долгогодишно пријателство, да дојдат и да помогнам. Кошарката е моја голема љубов и изминативе месеци во кои не работев ништо по тренерската епизода во Работнички ми беа ептен тешко. Верувам дека со добра работа и со помош на одличната управа кој стои зад тимот, Маџари брзо ќе успее да се најде онаму каде што му е и местото – во македонската ошаркарска елита. Ќе видиме како ќе се одвиваат натпреварите, но и како ќе биде ситуацијата со моето здравје, пред се со коленото, кои најмногу настрада низ годините играње на паркетите ширум Македонија. Најважно е на младите кошаркари во тимот да им дадеме шанса и да се обидам да им го пренесам своето знаење. Тоа е одлична група момци, меѓу кои им таленти чие време допрва доаѓа“, изјави Тасовски. 

Тасовски пет пати беше шампион на Македонија, а на двапати стигаше и до признанието за најкорисен кошаркар во Првата лига (2006 и 2009).

Се вчитува...