Димитар Ѓорѓиев обезбеди бронза на ЕП, го очекува битка и за финале

Еден од најдобрите македонски кик-боксери Димитар Ѓоргиев обезбеди бронзен медал на Европското кик бокс првенство за сениори кое во моментов се одржува во Братислава, Словачка.

Во мечот за финале во Лоу-Кик во категоријата до 86 килограми, Ѓорѓиев ќе се бори против Србинот Милош Цвјетичанин. Македонскиот кик-боксер во четвртфиналето беше подобар од Турчинот Унал Озлеме победувајќи со 3-0 со што го обезбеди најмалку бронзениот медал на шампионатот.

Претходно своите настапи на ЕП ги заврши Филип Ризов кој во категоријата до 57 килограмни (Кик-Лајт) загуби од Италијанецот Матиа Форнаро.

Денеска се очекува и настапот во четвртфиналето на Бобан Илиоски во К1 (до 81 килограм) против Хрватот Гај Гошиќ.

Се вчитува...