Димитар Ѓоргиев со бронза од Светското првенство во Будимпешта

Најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓоргиев го освои бронзениот медал на Светското првенство во кик-бокс кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Ѓорѓиев во категоријата до 74 килограми во полуфиналето во дисциплината кик-лајт загуби од Словакот, Марек Карлик со 1-2 на поени, по што беше запрен и по четврти пат едноподруго да се бори за светската шампионска титула.
„После шест години борба со противниците, делегатите и судиите конечно златниот медал ќе можат да го дадат на некој друг. Би сакал да се заблагодарам на мојата фамилија, и сите добри луѓе кои ме подржуваат во мојата кариера. Извинете што не успеав да ја одбранам титулата… Се враќаме во Македонија со бронза!“ – истакна по полуфиналната борба еден од најдобрите македонски натпреваруварачи во кик-бокс во историјата.

Македонија од ова Светско првенство се враќа само со еден медал, за разлика од шампионатот пред две години одржан во Белград, кога покрај Ѓоргиев и Ненад Манојловски се закити со злато, а Стефани Тодорова го освои бронзениот медал.

Се вчитува...